Франција е последниот полуфиналист на Светското првенство во Катар откако вечерва ја совлада Англија со 1:2.
Гледавме одличен натпревар во кои и Англичаните имаа свои шанси, но на крајот сепак Франција беше таа која што се радуваше и го продолжи патот кон одбраната на шампионската титула. Чуамени по само 17 минуити игра ја доведе Франција во водство. Англија започна да игра подобро по тој гол на Франција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таквата игра им се исплатеше во 54. минута кога Хари Кејн ја реализираше најстрогата казна. Но, повторно откако Англија изедначи Франција стана подобриот тим на теренот.
Победата за Франција ја обезбеди Жиру кој игра одлично првенство. Голема прилика за второ изедначување Англија пропушти преку Кејн во 84. минута, напаѓачот на Тотенхем доби нов пенал, но овој пат не погоди.
Giroud header is deflected of Maguire#ENG 1-2 #FRA pic.twitter.com/03oFBGRQPN
— FIFA World Cup 2022 (@2022_QatarWC) December 10, 2022
Kane skies the penalty#ENG 1-2 #FRA pic.twitter.com/mfELkCeBH1
— FIFA World Cup 2022 (@2022_QatarWC) December 10, 2022