Дома Останати Кошарка Дурант испиша историја и влезе во елитно друштво (Видео)

Дурант испиша историја и влезе во елитно друштво (Видео)

Ѕвездата на Феникс Санс, Кевин Дурант, го запиша своето име во историјата на кошарката, станувајќи само осмиот играч во историјата на НБА што ја достигнал границата од 30.000 поени во кариерата.

Овој историски момент се случи за време на натпреварот против Мемфис Гризлис, кој заврши со победа на гостите со 119-112. Иако Феникс не успеа да слави, Дурант имаше блескава вечер, запишувајќи се меѓу најдобрите стрелци на сите времиња.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Со ова достигнување, Дурант се приклучи на ексклузивна листа од само уште осум легендарни кошаркари кои ја минале оваа магична бројка: Леброн Џејмс, Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки и Вилт Чембрлејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанис: Ќе играм на Евробаскетот ако сум потполно здрав

Играчот на Милвоки Бакс Јанис Антетокунмпо ја потврди својата намера да ја претставува Грц…