Дома Останати Тенис Драматични сцени во Австралија: Телото на Синер се „парализираше“, фановите се уверени дека мамел (Видео)

Драматични сцени во Австралија: Телото на Синер се „парализираше“, фановите се уверени дека мамел (Видео)

Јаник Синер се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен откако го победи Американецот Елиот Спицири со 3:1, по сетови, 4:6, 6:3, 6:4 и 6:4. Меѓутоа, она што се случуваше на теренот предизвика бројни контроверзи и многумина мислат дека организаторите го „поттурнаа“ италијанскиот тенисер кон победата со затворање на покривот на теренот.

Со одличен тенис, Спицири успеа да го освои првиот сет што го губеше. Синер имаше предност од еден брејк, но Американецот врза четири последователни гема и дојде до освојување на првиот сет со 6:4.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Синер возврати по голема борба во вториот сет (6:3), а потоа во третиот сет се случи сцена која предизвика многу контроверзи.

Синер почна да се грчи на теренот. Телото му беше скоро неподвижно, Американецот дојде до водство од 3:1, а потоа судијата нареди да се затвори покривот на теренот поради високата температура.

Беа вклучени уреди за ладење, температурата беше спуштена, а по паузата мечот продолжи и Синер направи целосен пресврт и победи.

Љубителите на тенисот сметаат дека организаторите „ја поттурнале“ тениската ѕвезда до победа.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ со мали проблеми до осминафинале на Австралијан опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен, со побед…