Кошаркарот на Мајами Хит, Џими Батлер, изјави дека сака да замине од тимот.
Веќе е добро познато дека Џими Батлер сака да биде трејдуван од Мајами и оваа сага трае неколку месеци и изгледа дека нема да заврши наскоро.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Батлер јавно побара да биде трејдуван од Мајами, но првиот човек на Хит, Пет Рајли, порачал дека од тој договор нема да има ништо.
Според извештаите на „ЕСПН“ и Шемс Чаранија, откако на Батлер му истекна суспензијата од седум натпревари (точно истекува во четврток), тој е подготвен да се врати во тимот, но само на хартија.
Во вторникот беше одржан состанок помеѓу Џими Батлер и неговите претставници со луѓето од Мајами под водство на “Кумот” Пет Рајли и на тој состанок Батлер јасно кажал дека не сака да биде дел од тимот.
Повторно побарал да биде трејдуван и истакнал дека не е подготвен да потпише нов договор со нив, туку дека ќе замине летово како слободен играч.