Дома Фудбал Донарума со солзи: Навистина боли, многу

Донарума со солзи: Навистина боли, многу

Голманот на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума, ја прекина тишината по неуспехот во квалификациите за Светското првенство, не криејќи го огромното разочарување. Во интервју за Sky Sport, тој призна дека се чувствува одговорен, но воедно ги отфрли написите дека побарал парични награди од сојузот. “Навистина боли, многу…”, изјави Доннарума.

“Ова беа тешки и напорни денови, и за мене и за целиот тим, како и за сите Италијанци кои навистина посакуваа да одиме на Светското првенство. За жал, не успеавме и тоа мора да го прифатиме за да продолжиме напред. Беше тешко да се свари, но мораме одново да почнеме, да реагираме и да продолжиме понатаму”, додаде тој.

Обвинувања од социјалните мрежи

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Џанлуиџи особено се осврна на критиките и гласините што се појавија на социјалните мрежи. “Коментарите и зборовите кои се појавија ме повредија. Како капитен, никогаш не побарав ни еден евро од репрезентацијата. Тоа што Сојузот го прави е подарок за играчите кои се квалификуваат за турнир, но само тоа. Никој ништо не бараше од Сојузот.”

“Нашиот подарок требаше да биде учество на Светското првенство, но тоа за жал не се случи. Никој не побара премии, тоа е награда што Италија ја дава во случај на пласман”, објасни тој.

“Чувствувам одговорност”

На крајот од разговорот, голманот не можеше да ги задржи солзите. “Нормално е да се чувствуваш одговорен за сè што сега се случува и тоа боли. Но, мораме да продолжиме, благодарен сум на сите за важната поддршка што ни ја дадоа.”

“Уште повеќе, и покрај разочарувањето, постигнавме важни работи, од кои е освојувањето на Еврото и рекордот на последователни победи. Ништо не е за фрлање. Мораме да реагираме. Тешко е, но мораме цврсто да продолжиме напред”, заврши Доннарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(ВИДЕО) Огромен пожар избувна на стадион во Бразил – интервенираа 80 пожарникари

Голем пожар го оштети покривот на стадионот во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро, но сама…