Дома Останати Кошарка Дивац со порака до студентите во Белград: Во случај да ве нападнат вас, пуштете нè нас

Дивац со порака до студентите во Белград: Во случај да ве нападнат вас, пуштете нè нас

Легендата на српската кошарка се обрати по повод претстојниот протест во Белград.

Голем протест ќе се одржи во Белград на 15 март. Ден пред тоа, реки студенти се слеваат во главниот град на Србија. Ги пречекуваат насмевки, солзи, прегратки и звук на свирежи.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Границата на ‘заземање страна’ одамна е премината. Дури и оној кој се нема изјаснето – веќе се изјасни.

Во моменти кога во Белград доаѓаат деца и млади луѓе кои пешачеле и по 200 километри (и тоа не за првпат во последните четири месеци), се огласи и легендата на тамошната кошарка – Владе Дивац.

Дивац во петокот навечер на Инстаграм сподели две објави. Сподели пост од навивачите на Партизан:

„Гробари ќе бидат на улиците на Белград на 15.3 и ќе ги заштитуваат своите драги студенти. Ако ве нападнат, дозволете ни нас“, е пораката што ја сподели Дивац.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ на натпреварот од АБА лигата се појави со скршен телефон и часвоник од 80.000 евра

Словенечките медиуми сè уште зборуваат за појавувањето на Лука Дончиќ на натпреварот од АБ…