Рубен Бараја доби отказ од тренерската позиција во Валенсија откако во клубот заклучија дека во него нема сила да ја подигне екипата која под негово водство се наоѓа во зоната за испаѓање на табелата на шпанското првенство. Се бара наследник на легендата која играше за Валенсија од 2000 до 2010 година, а минатата година стана и тренер на првиот тим.
Изборот наводно паднал на Карлос Корберан, досегашниот тренер на Вест Бромвич Албион. Официјална потврда од клубот се уште се чека, а шпанските медиуми пресметаа колку ќе ја чини Валенсија донесената одлука.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Според договорот, Бараја ќе добие пет милиони евра од Валенсија за раскинување на договорот предвреме, а во исто време, Валенсија ќе мора да ја плати клаузулата која ВБА ја поставил во договорот со Корберан. Таа изнесува 2.4 милиони евра. Вкупно, Валенсија ќе плати 7.4 милиони евра за промената на еден и доведувањето на друг тренер.