Дома Фудбал Џеси Лингард пред потпис со нов клуб!

Џеси Лингард пред потпис со нов клуб!

Од почетокот на јануари Џеси Лингард е без клуб, откако го напушти Сеул. Сега, 33-годишниот фудбалер е пред голем број на понуди и сите со нетрпение очекуваме каде ќе ја продолжи кариерата.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед има понуда од Премиер лигата, конкретно од Вест Хем, но за него моментно поинтересна е опцијата да го носи дресот на Фејенорд.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Оваа можност му изгледа привлечна поради соработката со Робин ван Перси, а Фејенорд му нуди и значајни минути на теренот, особено по повредата на Шакил ван Перси.

Италијанската Серија А, исто така, покажува интерес за него, а Џенова е првата што испратила понуда. Конечно, изборот ќе биде на самиот фудбалер.

Лингард ја започна својата кариера во Манчестер Јунајтед каде беше од својата осма година. Тој е позајмуван на Лестер, Бирмингем, Брајтон, Дерби и Вест Хем, додека една сезона беше во Нотингем Форест. Во Сеул помина речиси две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе со нов коментар по инцидентот со „погрешното колено“ и докторите на Реал Мадрид

Фудбалската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ги демантираше шпекулациите поврзани со …