
Еден од најочекуваните родендени последните години во светот на фудбалот доби гламурозна, но и контроверзна прослава. Ламине Јамал, ѕвезда на Барселона и шпанската репрезентација, наполни 18 години и реши овој премин во полнолетство да го одбележи со спектакуларна забава.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роденденската прослава се одржа на село во имот во место Оливела покрај Барселона, а ги собра десетици познати личности од спортот, музиката и светот на социјалните мрежи. Сепак, покрај луксузот и тајноста, настанот не помина без критики.
Забавата траеше цела ноќ од сабота на недела, а беше одбележана со извонредни мерки за безбедност и дискреција. Гостите мораа да ги остават мобилните телефони, а на влезот беа користени термални камери за да се спречат снимки и протекување на информации. Според зборовите на некои гости, темата на вечерта беше “гангстерска”.
Изненадувањето на вечерта беше и присуството на Ferrari-от F1 возачот Шарл Леклерк. Музичката програма ги оствари очекувањата со настапи во живо, вклучувајќи го и моментот кога Јамал ја запеа со доминиканскиот изведувач Chimbala. Музичарот El Alfa му подари на младиот фудбалер синџир вреден околу 400.000 евра. Синџирот го купил пред неколку дена и го објавил на Instagram.
Фото: Принтскрин