
Бројни навивачи на Црвена Звезда вчера пристигнаа во Малме, каде нивниот тим денес ќе одигра натпревар во Лига Европа. Објавено е видео на кое се гледа хаотично движење на Делии низ шведскиот град, каде неколкумина од нив напаѓаат човек кој се наоѓа на земја. На местото на настанот брзо доаѓа полиција, а напаѓачите бегаат. Сѐ уште не се знае со кого се конфронтираа навивачите на Звезда. Освен Делии и навивачи на Малме, во градот се и многубројни приврзаници на хрватската ракометна репрезентација, која синоќа одигра натпревар против Шведска на Европското првенство.
Фактот дека денеска Звезда игра против Малме и дека хрватската ракометна репрезентација има средби во вториот круг од ЕП во овој град претставува сериозен безбедносен проблем за домаќините
21.01.2026, Malmö FF🇸🇪 – FK Crvena Zvezda🇷🇸, Делии во акција во Малме пред утрешниот натпревар, кликнете тука за повеќе: https://t.co/GrzTF2AiFH
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) January 21, 2026
Сѐ на едно место. Допрете за да го преземете.
🔗 https://t.co/FXnrFRp1rX pic.twitter.com/jflKx01Paj