Дома Фудбал Дебито на Арнолд: Во Шпанија го критикуваат, а во Англија го исмејуваат

Дебито на Арнолд: Во Шпанија го критикуваат, а во Англија го исмејуваат

Епизодата на Трент Александар-Арнолд во Реал Мадрид започна на натпреварот против Ал Хилал. Шеесетте минути кои ги мина на терен се претворија во кошмар за англискиот фудбалер. Шпанските медиуми не запираат со критики, навивачите на Реал не се воодушевени, додека британските медиуми и фановите на Ливерпул се радуваат на неговото неуспешно деби.

Некој навистина се потруди да направи компилација од потезите на Трент Александар-Арнолд на деби-натпреварот против Ал Хилал. И додека медиумите изјавуваат дека нерешениот резултат не е катастрофален за дебито на Чаби Алонсо на клупата, истото оправдување не важи за Трент.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Навивачите на Реал започнаа со критики преку социјалните мрежи уште за време на натпреварот, а медиумите само ги продлабочија ден по мечот. Во исто време, навивачите на Ливерпул и медиумите од Енфилд се насладуваат.

Мадридистите му замеруваат на Трент за неколкуте погрешни додавања и изгубени топки.

„Се обиде да се вклучи повеќе во играта, но отиде предалеку во обидот да го пронајде Винисиус. Слаб беше во дуелите, а еден од тие потези доведе до гол кој Хилал го постигна од офсајд. Не знам како изгледаше на телевизија, но од овде се чинеше како Трент да избегнува контакт во нивните напади. Останав без зборови“, напиша новинарот од “Марка”, кој најостро го критикуваше.

Никој не го спомнува фактот дека Трент дојде во Реал пред една недела и одработи само неколку тренинзи.

По натпреварот, Александар-Арнолд изјави дека е многу горд на неговото деби:

„Ова е моментот за кој повеќето, ако не и сите, играчи сонуваат во некое време од нивниот живот. Беше голем предизвик да се игра на оваа жештина и многу различно од Англија. Првпат во животот сменив клуб и сè уште не знам што да очекувам, но уживав во секој момент. Во мојата глава и срце знам дека направив добра одлука што дојдов тука“.

Реал Мадрид ќе игра против Пачука во второто коло во недела навечер.

Фото: Real Madrid C.F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не сте виделе: Погледнете како беше поставен живиот ѕид на Мексиканците на Светското клупско првенство

Живиот ѕид на фудбалерите на мексиканскиот Монтереј на натпреварот од Светското клупско пр…