Дома Фудбал Де Брујне за првпат призна: Бев изненаден…

Де Брујне за првпат призна: Бев изненаден…

Фудбалската легенда на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, на крајот од сезоната ќе го напушти овој клуб, со што ќе заврши неговата и повеќе од успешна ера на „Етихад“ која започна пред десет години, кога пристигна од Волфсбург.

На одличниот белгиски офанзивен играч од средниот ред во јуни му истекува договорот со Сити и клубот е тој кој одлучил да не го задржи. За ова откри сам Де Брујне, така што оваа информација сега фрла сосема поинаква светлина на неговото заминување.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Уште во зимскиот период имаше приказни дека ќе замине, потоа се појави информација дека ќе остане и ќе се помири со тоа да стане играч од втор план, но на крај сепак реши да си замине.

“Не добив понуда од Сити, не се разговараше за нов договор последните година дена и јасно е дека клубот донесе одлука која морав да ја прифатам”, изјави Де Брујне и додаде:

“Бев изненаден, бидејќи верувам дека сѐ уште можам да играм на врвно ниво. Веќе немам 25 години, но добро знам што е мојата задача на теренот. Сити така одлучи”, нагласи Де Брујне.

Тој со Сити шест пати ја освои Премиер лигата, а во 2023 година ја освои и Лигата на шампиони.

Се шпекулира дека Белгиецот кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата или во Саудиска Арабија.

Фото: Manchester City/FC
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најубавата фудбалерка во светот танцуваше поради титулата во Серија А (Видео)

Швајцарската фудбалерка Алиша Леман со своите соиграчки од Јувентус ја освои титулата шамп…