Дома Фудбал Останато Дejвид Бекам побарал необична услуга од Нурмагомедов

Дejвид Бекам побарал необична услуга од Нурмагомедов

Легендарниот Хабиб Нурмагомедов откри интересна приказна за средбата со Давид Бекам. Познатиот фудбалер веднаш побара од славниот борец интересна и необична услуга при нивната прва средба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хабиб Нурмагомедов е еден од најголемите ММА борци на сите времиња. Тој исто така е и голем љубител на фудбалот и често можеме да го видиме на трибините на најпознатите стадиони во светот.

Нурмагомедов ја запозна елитата на светскиот фудбал. Меѓу нив е и Давид Бекам, со кого има интересна сцена што се случи во Париз во 2018 година.

Хабиб го сретна познатиот фудбалер на натпревар на ПСЖ, а овој веднаш побара интересна услуга.

„Кон крајот на 2018 година одлетав во Париз на натпревар на ПСЖ. Давид Бекам беше таму и ми почна да зборува како тој и неговите синови ги гледаат моите борби”, рече Хабиб и додаде:

„Ме замоли да снимиме видео каде им се заканувам дека ќе им ги разбијам лицата ако не го слушаат татко им. Бев изненаден“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Усик го шокираше светот на боксот: Останува без сите појаси, но кариерата не е завршена!

Непоразениот Украинец објави дека се откажува од WBA, WBC и IBF титулите и најави уште едн…