Дома Фудбал Нови промени на „Олд Трафорд“: Бекам ќе биде „искористен“ како таен адут за купување на Манчестер јунајтед!?

Нови промени на „Олд Трафорд“: Бекам ќе биде „искористен“ како таен адут за купување на Манчестер јунајтед!?

Веќе некое време се споменува и продажба на Манчестер Јунајтед последниве денови и дека овде сер Џим Ретклиф не е многу прашан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Глејзерите, кои се мнозински сопственици на Манчестер Јунајтед, сакаат да го продадат клубот и освен Томас Зилијакус кој е заинтересиран, се споменува и еден конзорциум од Обединетите Арапски Емирати.

Токму тој конзорциум има и “картата скриена во ракавот” која се нарекува – Дејвид Бекам.

Еден од сопствениците на Интер од Мајами и Салфорд Сити чие богатство е проценето на околу 300 милиони фунти, може да добие право на инвестирање во Манчестер Јунајтед, а покрај него Арапите разгледуваат уште двајца – Вејн Руни и Ерик Кантона.

Бекам често ги критикуваше Глејзер, но и покрај тоа тие не сакаат да го продадат клубот за помалку од 5 милијарди фунти.

Да потсетиме, пред две децении, тие го купија Манчестер Јунајтед за 790 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал во трка за Хулијан Алварез

Арсенал повторно го насочи вниманието кон Хулијан Алварез откако Челси го ангажира Морган …