
По убедливата победа на Манчестер Сити, навивачите забележаа интересен миг на центарот на теренот кога во главни улоги беа Пеп Гвардиола и фудбалер од Њукасл Јунајтед. Овој момент поттикна лавина коментари.
Сандро Тонали беше во фокусот на вниманието откако Манчестер Сити си осигура место во финалето на Карабао Купот, со вкупен резултат 5:1, вклучувајќи 3:1 победа во вториот натпревар на “Етихад” во среда.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
По мечот, Италијанецот беше забележан како го прегрнува Гвардиола додека одеше кон навивачите на Њукасл за да им се заблагодари за поддршката.
Разговорот меѓу Гвардиола и Тонали предизвика дополнителна возбуда, бидејќи во медиумите се појавија шпекулации дека агентот на италијанскиот играч го нудел Тонали на Арсенал во последниот трансферен прозорец.
Џузепе Ризо, агентот кој најчесто го застапува Тонали, брзо ги демантираше тие тврдења.
“Њукасл никогаш не би го пуштил Тонали во јануари. Не постои никаква основа за тоа”, изјави Ризо.
Тој додаде дека можеби во март ќе се разговара за пазарната вредност на Тонали, но само ако Њукасл одлучи да отвори врати за трансфери.
Манчестер Сити е меѓу ретките клубови кои би можеле да си дозволат 26-годишниот Италијанец, кој во Њукасл пристигна од Милан во 2023 година за сума од 52 милиони фунти.
Гвардиола после натпреварот откри дека разговорот со Тонали бил многу личен и дека разговарале за заеднички пријател и за таткото на Тонали, како и за среќата што ја чувствува Италијанецот во Њукасл.
“Што му реков на Сандро Тонали?” се насмеа шпанскиот експерт.
“Мојот италијански е совршен, затоа можам да комуницирам со него. Имаме неверојатен заеднички пријател од Бреша, Едоардо Пиовани. Секогаш кога ќе се сретнеме, зборуваме за неговиот татко, неговото искуство во Милано, навивачите и колку е среќен во Њукасл.”
“Неверојатно е, навистина врвен играч”, додаде Гвардиола, без да штеди пофалби за Италијанецот.
Тие коментари предизвикаа нови шпекулации за тоа дали Тонали ќе биде новото летно засилување на “Граѓаните”, а што ќе се случи, останува да видиме.