Дома Фудбал Дали ова е објективно? Ван дер Варт не го сака Арсенал

Дали ова е објективно? Ван дер Варт не го сака Арсенал

Легендарниот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт не ги цени премногу фудбалерите на лондонски Арсенал.

Пред полуфиналето на Лигата на шампионите, како гостин на една холандска телевизија, Ван дер Варт зборуваше за резултатите на Арсенал оваа сезона. Особено за нивната игра во англискиот шампионат, каде што изгледа ќе завршат на второто место по трет пат последователно.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


„Арсенал не може да се натпреварува за титулата во Премиер лигата. Ги гледам како АЗ Алкмар во Холандија. Забавен тим, добри млади играчи, но тоа е тоа“, кажа Рафаел ван дер Варт.

Можно е дека Ван Дер Варт, како поранешен фудбалер на Тотенхем и Реал Мадрид, не го сака Арсенал, и ова е прилично необјективен коментар, бидејќи АЗ во Холандија е далеку позади „Големата тројка“ (Ајакс, Фејенорд, ПСВ), додека Арсенал е еден од најголемите англиски клубови. По Ливерпул и Манчестер Јунајтед (рекордери со по 20 шампионски титули во Англија), лондонските Топџии се на трето место со 13 шампионски пехари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ славеше во првиот дуел против Арсенал (видео)

Пари Сен Жермен ја оствари значајната победа над Арсенал со резултат од 0-1 во првиот натп…