Пред два дена екипата на Далас објавив дека Лука Дончиќ ќе биде надвор од терените на неодредено време.
Словенечкиот кошаркар веќе го пропушти натпреварот против Денвер, а причина е истегнување на зглобот. Повредата Дончиќ ја заработи против Њу Орлеанс натпревар кој неговиот тим го доби со 132:91.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Далас по дополнителните прегледи информираа и кога се враќа Дончиќ на терените. Имено, тој ќе ги пропушти следните четири натпревари против: Мајами (24 ноември), Атланта (25 ноември), Њујорк (27 ноември) и Јута (30 ноември).