Дома Фудбал Црната листа на Челси има дури 14 играчи – заедно чинат пола милијарда евра

Црната листа на Челси има дури 14 играчи – заедно чинат пола милијарда евра

Фудбалскиот клуб Челси би можел да продаде огромен број играчи ова лето.

Британскиот Гардијан денеска состави листа од дури 14 играчи кои не се во плановите на Енцо Мареска и за кои Челси ќе слуша понуди, а за некои од нив сигурно ќе мора да ги испрати и на позајмици.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Сите позајмени играчи, кои сега се враќаат на „Бриџ“, нема да имаат место во тимот ни во новата сезона, а тоа се – Ѓорѓе Петровиќ, кој не се грижи бидејќи има доволно понуди, покрај него – Жоао Феликс, Ренато Веига, Бен Чилвел, Аксел Дисаси, Керни Чуквуемека, Лесли Угочукву и Рахим Стерлинг.

На голема жал на Челзи, ниту еден од овие играчи не беше откупен по истекот на позајмиците, па сега клубот мора да бара нови решенија и веројатно да ги продаде под цена.

Меѓу играчите на тимот кои исто така се на продажба се и Кристофер Нкунку, Нони Мадуеке, Роберт Санчез, Весли Фофана, Трево Чалоба и Дузбери-Хол. 

Енцо Мареска смета дека многумина од нив не покажале потребно ниво, но на пазарот сè уште се на цена, и би можеле да го наполнат буџетот за нови засилувања. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марота доби „зелено светло“ и тргна во напад: Интер ќе биде на „шпански погон“

Интер со сета сила тргна кон Сеск Фабрегас, а и Шпанецот е заинтересиран да се пресели на …