Дома Фудбал Чистка во Милан: Прв на удар е Португалецот!

Чистка во Милан: Прв на удар е Португалецот!

Сержо Консеисао ќе биде тренер на Милан до крајот на сезоната, а потоа италијанскиот великан ќе се обиде да најде долгорочно решение, пренесува добро информираниот инсајдер Фабрицио Романо.

Синоќешниот пораз од Болоња во финалето на Купот на Италија со резултат 0:1 беше „капката која ја прели чашата“ кај раководството на Милано и Португалецот е веќе минато, иако директорот на клубот Ѓорѓо Фурлани во својата изјава остана „загатнат“ по ова прашање.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Консеисао на 30 декември го замени својот сонародник Паоло Фонсека на „жешката“ клупа на Милано и по само два натпревара им донесе на „росонерите“ трофејот Суперкуп на Италија во Саудиска Арабија.

Тогаш се чинеше дека Консеисао и Милано се идеална комбинација, дека ќе го разбуди тимот, но во Серија А овој тим продолжи да реди многу лоши резултати.

Потоа следеше и шокантното елиминирање од Фејенорд во шеснаесетинафиналето на Лигата на шампионите, во домашното првенство ништо не се промени и Милано е на две кола пред крајот дури осми на табелата.

Со Консеисао заминува и уште еден Португалец.

Жоао Феликс одигра очајно во црвено-црниот дрес и ќе се врати во Челси по завршетокот на позајмицата.

Фото: AC Milan/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ноер упати остри критики кон Донарума: Знаеше дека ќе го повреди Мусиала

Мануел Ноер, голманот на Баерн, упати остри критики кон голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума…