Дома Фудбал Черчесов: Не ја познаваме Македонија, но имаме почит кон секој противник

Черчесов: Не ја познаваме Македонија, но имаме почит кон секој противник

Македонската фудбалска репрезентација доби противници за квалификациите за Светското првенство 2026 година. На денешната ждрепка, одредено е Македонија да се натпреварува со селекциите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Квалификациската група ветува интересни дуели, а за Македонија ова е можност да се наметне и да се бори за пласман на големиот турнир.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


По ждрепката, селекторот на Казахстан, Станислав Черчесов, се огласи со свои први впечатоци. Тој призна дека нема многу информации за македонската репрезентација.

„Со Белгија веќе игравме во минатите квалификации, но тие сега имаат смена на генерации. Велс и Македонија одамна не сум ги следел и немаме доволно информации за нив. Истото важи и за Лихтенштајн, кој е од петтиот шешир. Сепак, секоја репрезентација ја почитуваме и ќе се подготвиме максимално сериозно,“ изјави Черчесов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …