Дома Фудбал Челси има „непобедливи“ – шампионската титула повторно на „Стемфорд бриџ“

Челси има „непобедливи“ – шампионската титула повторно на „Стемфорд бриџ“

Фудбалерките на Челси станаа првите кои ја завршија сезоната од 22 кола во англиската Суперлига без пораз, откако денеска на својот терен во Лондон го победија Ливерпул 1:0, во натпреварот од последното коло.

Единствениот гол на Стадионот „Стемфорд Бриџ“ го постигна Агнес Бивер-Џонс во првата минута од додаденото време.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Челси неодамна ја освои шестата последователна титула, а оваа сезона ја завршија со 60 поени, со 19 победи и три нерешени натпревари. Второто место го зазеде Арсенал со 48 поени, а на трето место е Манчестер Јунајтед со 44 поени.

Во минатото неколку екипи го завршувале сезоната во женската англиска лига без пораз, но ниту една откако лигата се прошири на 12 клуба, односно на 22 кола, од сезоната 2019/2020.

Фудбалерките на Челси оваа сезона го освоија и Лига Купот, а шанса за трет трофеј ќе имаат на 18 мај, во финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед.

Челси оваа сезона претрпе два пораза, во полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите против Барселона.

Арсенал пред 46.603 навивачи на стадионот „Емирати“ го победи Јунајтед со 4:3 и го обезбеди второто место на табелата.

Арсенал ќе игра во финалето на Лигата на шампионите против Барселона, на 24 мај во Лисабон.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пресврт: Сане го напушта Баерн и се сели во Лондон

Лерој Сане е на прагот да ја заврши својата соработка со Баерн Минхен бидејќи влезе во пос…