Дома Фудбал Челси го претстави првото засилување за следната сезона!

Челси го претстави првото засилување за следната сезона!

Сините направија голема работа во текот на летниот преоден рок и донесоа два одлични напаѓачи во ликот на Жоао Педро и Лиам Делап.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Доста поголем потфат направија кога станува збор за заминувањата, бидејќи продадоа Нони Мадуеке, Кристофер Нкунку, Жоао Феликс и Киернан Девсбери-Хол, и заработија над 170 милиони евра.

Сепак, продажбите му помогнаа на Челси да ослободи простор во однос на платите, и сега го потврдија доаѓањето на уште еден фудбалер.

Станува збор за напаѓачот Емануел Емеха кој потпиша преддоговор со тимот од Лондон.

Овој играч има 22 години и е Холанѓанец, а моментално игра во Франција за екипата Стразбур, која исто така е во сопственост на раководството на Челси.

Тој ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“ следната сезона, поточно на 1 јули 2026 година.

Многу зделки беа направени меѓу овие два клуба за време на преодниот рок, а Сините го донесоа Мамаду Сар, кој го пратија на позајмица во овој тим.

Младите играчи на Челси, Мајк Пендерс и Кендри Паез, исто така се на позајмица во Стразбур, а го доведоа и Бен Чилвел како слободен играч.

Многу контроверзии има околу деловната соработка на овие два клуба, особено откако Фабрицио Романо објави дека зделката за Брајтоновиот Жулио Енкисо требало да ја заврши Челси.

Тој прво требало да се приклучи на Стразбур за 20 милиони евра, а потоа во иднина да замине во Челси, но зделката пропадна.

Емеха е моментално капитен на Стразбур и постигна 14 голови во Лига 1 минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико со одговор до Алварез и Барселона: Може, но за половина милијарда евра

АРГЕНТИНСКИОТ напаѓач Џулијан Алварез (26), кој е објект на интерес на Арсенал, Барселона …