Дома Фудбал Чави го отпиша, Флик го врати, сега потпишува до 2030 година!

Чави го отпиша, Флик го врати, сега потпишува до 2030 година!

Патот на Ерик Гарсија, кој од четврт стопер стана незаменлив елемент во Барселона, претставува вистинска трансформација.

Денес каталонските медиуми објавија дека сите детали околу новиот договор се договорени и дека Ерик Гарсија наскоро ќе стави потпис до летото 2030 година. Тој е во последната година од актуелниот договор, а и покрај интересот на Луис Енрике да го привлече како слободен играч, Гарсија не размислуваше да ја напушти својата Барселона и ги договори сите услови за продолжување на соработката.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како млад играч, Гарсија се врати во клубот летото 2021 година од Манчестер Сити. Со Пеп Гвардиола дебитираше таму како тинејџер, но кога се отвори можноста да се врати во својот матичен клуб, не двоумеше да ги одбие предлозите од Сити, каде што помина четири години.

Ерик Гарсија сега е таен адут на Ханси Флик. Иако првично како стопер, Флик често го користи Гарсија и како десен бек и во средниот ред. Во натпреварот против Виго, тој блескаше на десниот бек и беше меѓу најдобрите, а потоа ја замени суспендираниот Де Јонг во средниот ред како “шестка”.

Не треба да се заборави дека овој играч еднаш беше отстранет од плановите на Чави Ернандез, кој го испрати на позајмица во Жирона. Меѓутоа, Ханси Флик веднаш по преземањето на кормилото се потпираше на него.

Гарсија оваа сезона ги одигра сите натпревари, со вкупно 17 настапи во сите натпреварувања, поминал 1.285 минути на теренот, постигна еден гол и целосно го заслужува новиот договор и довербата од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан не се откажува од Гомез

Милан сака во зимскиот преоден рок додатно да го засили тимот во битката за Скудетото. При…