Дома Фудбал Бурна зима во Барселона – три заминувања и барем едно спектакуларно засилување!

Бурна зима во Барселона – три заминувања и барем едно спектакуларно засилување!

Фудбалскиот клуб Барселона би можел да го обележи и овој трансфер период.

Како што е познато, еден од капитените Роналд Араухо донесе конечна одлука, се договори со Јувентус и чека расплет на ситуацијата и заминување за Торино. Јувентус наводно нуди 50-55 милиони евра, Барса бара најмалку 70, така што се очекува да постигнат договор до крајот на трансфер периодот.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Освен Араухо, речиси е сигурно дека ќе замине и отпишаниот Ансу Фати. Ханси Флик пред вечерниот натпревар во Купот на кралот потврди дека Фати е далеку од тимот.

„Секогаш сум искрен со моите играчи, откако се опорави од повредата, Фати не може да ја достигне својата форма. Едноставно и тој мора да тренира колку и останатите“, рече Флик.

Интересно е што се спомнува токму Бетис, вечерашниот противник на Барса, како потенцијална следна дестинација за Фати. Се разбира, речиси никој нема да го откупи, но позајмица е реална опција.

Со заминувањето на Роналд Араухо се стопирани трансферите на Ерик Гарсија и Андреас Кристенсен, барем до лето. Се знае дека Џонатан Та е практично завршен, доаѓа како слободен во јули, така што е извесно дека тогаш ќе замине Ерик Гарсија, сега му е блокиран трансферот во Жирона, каде што играше на заем минатата сезона.

Главната енигма сепак е – Френки де Јонг. Холанѓанецот не одигра ниту една минута во победата над Реал Мадрид, всушност, Марк Касадо игра на такво ниво веќе со месеци, што е јасно дека де Јонг не може да му се приближи на почетниот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид има нова мета: Тргнува по фудбалерот на градскиот ривал и еден од најдобри бекови во Ла Лига

Реал Мадрид го очекуваат поголеми промени на позицијата десен бек. По повредата на Дани Ка…