Дома Фудбал Братот на Џуд Белингам пред трансфер на кариера

Братот на Џуд Белингам пред трансфер на кариера

Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, има помлад брат по име Џоб кој игра во Англија и исто така е голема надеж. Се очекува дека следното лето ќе направи значаен трансфер. Европските великани веќе стојат во ред, а еден е водечки во трката за неговиот потпис.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Деветнаесетгодишниот Џобе Белингам моментално е член на Сандерленд, за кој оваа сезона на 36 натпревари во Чемпионшип постигнал четири гола и направил три асистенции.

Овој талентиран 19-годишен фудбалер е на радарот на бројни клубови од Премиер лигата. Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Тотенхем, Брајтон и Кристал Палас го следат неговиот развој.

Покрај овие клубови, интерес за него покажуваат и германскиот двоец, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен, кои се големи негови почитувачи. Да потсетиме дека неговиот постар брат, Џуд Белингам, играше за Борусија.

Фото: Сандерленд/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Славје во Неапол: Де Лаурентис најави уште посилен Наполи

Наполи вчера на спектакуларен начин прослави 100 години од постоењето на клубот. Церемониј…