Дома Останати Кошарка „Бомба“ во НБА: Јанис сака кај Дончиќ и Леброн?!

„Бомба“ во НБА: Јанис сака кај Дончиќ и Леброн?!

Јанис Адетокумбо, ѕвездата на Милвоки Бакс, може многу лесно да заврши во редовите на Лос Анџелес Лејкерс следното лето.

Како што пренесе порталот „The Ringer“, Адетокумбо наводно издвоил два тима како идеални дестинации – првиот е тимот во кој настапуваат Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


На челниците на тимот од „градот на ангелите“ им е јасно дека мораат да преземат нешто за да го задоволат Леброн, откако тимот „езерџии“ беше прегазен од Минесота Тимбервулвс со 4-1 во серијата од првото коло на плејофот.

Одеднаш стана јасно дека Џејмс и Дончиќ не можат сами, па челниците на калифорнискиот гигант ќе имаат многу сериозна задача да создадат тим кој во веројатно последната сезона на Леброн Џејмс ќе се бори за титулата.

Втората опција која Јанис ја наведе се Њујорк Никс. Тимот од „големото јаболко“ е во налет, многумина предвидуваат дека би можеле и до самиот крај, а доколку не успее да дојде до прстенот, нема никакво сомневање дека ќе ги фрлат сите карти на доведување играч кој би донел инстант квалитет во борбата за титулата.

Причината за оваа одлука се крие во желбата на Бакс да започнат неквој вид на „ребилд“ и додека можат, за Јанис да добијат сериозен капитал, бидејќи тешко дека во следните неколку сезони повторно ќе се борат за титулата.

Фото: Milwaukee Bucks/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ по ужасниот пораз: Не смееме да го заборавиме ова

Српскиот центар Никола Јокиќ разговараше со новинарите на конференција за медиумите по пор…