Дома Останати Кошарка „Бомба“ од НБА: Може да добиеме спектакуларен тандем!

„Бомба“ од НБА: Може да добиеме спектакуларен тандем!

Додека трае финалето на НБА лигата помеѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс, најголемите ѕвезди на кошаркашкиот свет повторно се во центарот на вниманието. Овојпат причината не е натпреварот, туку информациите што пристигнуваат од Соединетите Американски Држави, кои можат сериозно да ја вознемират лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Години наназад беа големи ривали, водеа епски битки за трофеите на НБА и оставија белег на една ера на најсилната кошаркарска лига во светот.

Меѓутоа, според американските медиуми, Леброн Џејмс и Стеф Кари би можеле наскоро да разговараат за можноста да играат во ист тим.

Се најавува дека двете големи имиња ќе се состанат во текот на наредната недела, а една од темите ќе биде и потенцијалната заедничка иднина на терените на НБА лигата.

Таквото сценарио до пред неколку години изгледаше речиси невозможно.

Леброн веќе осум сезони е дел од Лос Анџелес Лејкерс, каде ја дели соблекувалната со својот син Брони Џејмс и повеќепати нагласуваше колку му одговара животот во Калифорнија.

Сепак, во НБА лигата никогаш не треба да се рече никогаш. Додатен мотив за шпекулации претставува фактот дека Џејмс и Кари на Олимписките игри во Париз 2024 година покажаа колку добро функционираат кога играат заедно.

Американците тогаш ја освоија златната медалја, а нивната соработка на теренот предизвика восхит кај обожавателите. Доколку дојде до заедничка ангажираност, единствено логично би било тоа да се случи во Голден Стејт Вориорс.

Според пишувањата од САД, Вориорс имаат извесни можности да го добијат Џејмс, но постојат сериозни финансиски пречки.

Главниот проблем е структуратурата на договорите и ограничувањата од страна на платниот капак, поради кои Леброн би морал да прифати сериозно намалување на својот приход.

Џејмс оваа сезона заработи над 50 милиони долари, додека доколку премине во Сан Франциско би морал да прифати договор вреден околу 15 милиони долари.

Тоа е разлика што не може да се занемари и за еден од најплатените спортисти во историјата.

Дополнителен предизвик за Вориорс е и договорот на Кристапс Порзингис, кој значително ја ограничува финансиската конструкција на тимот.

И покрај неоспорниот квалитет на Латвиецот, честите повреди предизвикуваат сомнежи колку може да се потпира на него во долгорочни планови.

Заради сето ова, реализирањето на таков трансфер во овој момент изгледа многу комплицирано.

Сепак, самата информација дека е можно заедничко играње на Леброн Џејмс и Стефен Кари е доволна да предизвика огромно внимание низ кошаркарскиот свет.

Доколку таков потег навистина се оствари, НБА лигата ќе добие еден од најатрактивните тандеми што некогаш ги имала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Сцените од Белград покажуваат колку голем беше Един Авдиќ!

Спортската заедница во регионот ја затекна веста за трагичната загуба на добро познатиот к…