Дома Фудбал Бомба од Италија: Клоп се договорил, повторно ќе биде тренер!

Бомба од Италија: Клоп се договорил, повторно ќе биде тренер!

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, изненадувачки се враќа на тренерската сцена и тоа во клубот Рома, иако првично имаше најавено пауза од фудбалот.

Клоп, кој ги водеше “Црвените” осум години, првично претходно објави во јавноста дека ќе се повлече од тренерскиот живот. Набрзо потоа, тој беше именуван како главен на глобалните фудбалски операции во компанијата Ред Бул, која има свои клубови насекаде низ светот.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Меѓутоа, италијанското издание La Stampa објави вчерашната сензационална вест. Тие наведуваат дека германскиот стратег постигнал договор за тренерската позиција во Рома и неочекувано се враќа во тренирањето.

Клоп ќе го преземе водството на Рома од славниот и искусен Клаудио Раниери, кој оваа сезона повторно се врати од пензија за да ја спаси и зајакне екипата. Раниери се согласи да го води клубот до крајот на сезоната.

La Stampa дополнува дека Раниери ќе остане во клубот како советник на Клоп, со цел да му помогне на новиот тренер при прилагодувањето во Италијанската лига. За Клопова ќе биде дебитантско учество во Серија А, откако доживеа големи успеси во Германија и Англија.

Истите извори информираат дека Клоп во неделата, 18 мај, во 22:57 часот, јавно дал зелено светло на претседателот Дан Фридкин, откако Рома го совладала Милан во дербито на Серија А. Преговорите биле сложени и оддолжени.

Со назначувањето на Клоп, му биле ветени значајни засилувања, а со тоа и бројни нови играчи кои ќе ја направат Рома конкурентна во трката за титулата.

Фото: Liverpool FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма во Англија: Лестер e под истрага

Фудбалската Премиер лига на Англија го предаде Лестер на независна комисија поради наводно…