Дома Фудбал „Бомба“ на Ди Марцио: Ливерпул тргнува по Де Брујне!

„Бомба“ на Ди Марцио: Ливерпул тргнува по Де Брујне!

Кевин Де Брујне ги брои последните денови во дресот на Манчестер Сити, каде што во последните десет години се изгради во еден од најголемите фудбалери во историјата на клубот, а вечерва пристигнуваат комплетно неочекувани вести од Островот.

Имено, иако сите очекуваат дека Де Брујне ќе ја продолжи кариерата надвор од Англија, па дури и надвор од Европа бидејќи се интересираат за него клубови од Саудиската Арабија, познатиот италијански инсајдер јави дека Белгиецот добил понуда од Ливерпул!

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ди Марцио објави дека Ливерпул испратил понуда до Де Брујне и така му понудил соработка од следната сезона, а одговорот на еден од најдобрите играчи од средниот ред во последните дваесет години сè уште не е познат.

Инаку, Де Брујне во последните неколку натпревари за Сити покажа дека сè уште не е за “старо железо”, затоа што значително го подигна нивото на својата форма и на последните четири натпревари во Премиер лигата има два гола и асистенција.

Де Брујне има 33 години и на крајот на сезоната му истекува договорот со Сити, а дали од лето ќе ја продолжи кариерата во редовите на новите шампиони на Англија останува да видиме.

Фото: Manchester City/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…