Мохамед Салах предизвика реакции на „Енфилд“, а интерес за неговата ситуација наводно покажала и Барселона, која би можела да ја искористи шансата доколку Египќанецот стане слободен играч.
Познатиот новинар Алберт Фернандез во емисија изјави дека Барселона размислува за Салах како можна опција, што дополнително го зголемува притисокот врз Ливерпул. Салах изјави дека Ливерпул не му понудил нов договор, дури потенцираше и дека повеќе се гледа себеси надвор од клубот отколку во клубот,
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во моментов Ламин Јамал е незаменлив на десната крилна позиција во Барселона, но повредата на 17-годишниот талент покажа дека на клубот му треба алтернатива. Јамал е млад и многумина сметаат дека не може сам да го изнесе товарот во цела сезона која има околу 60 натпревари а Барселона веќе ги доживеа последиците од преоптоварувањето на младите играчи како Ансу Фати, Педри и Гави кои се соочија со повреди.
Салах би можел да ја пружи потребната поддршка, иако прашање би било како да се поделат минутите меѓу него и Јамал, бидејќи и двајцата играат на иста страна од теренот.
Иако се уште нема разговори, Салах бил високо на листата на желби на Барселона, посебно затоа што би пристигнал како слободен фудбалер без оштета.
Но, Салах не е единствен Фернандез порачува и дека Барселона следи фудбалери како Виктор Ѓекереш, Нико Вилијамс и Рафаел Леао.
Ситуацијата на Салах многумина ја споредуваат со онаа Меси кога Аргентинецот беше принуден да го напушти каталонскиот гигант.
„Ситуацијата на Мо Салах е слична на онаа на Меси во Барселона. Тој сака да остане, навивачите уште повеќе, меѓутоа реалноста е поинаква и поголем дел се свесни што ќе се случи“, пишуваат дел од медиумите.