Поранешниот репрезентативец на Германија со турско потекло, Месут Озил се подготвува за нова кариера.
Според турските медиуми, Месут Озил може да започне политичка кариера и да се приклучи на извршниот одбор на турската владејачка партија.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според изворите, 36-годишниот поранешен фудбалер може да се приклучи на Централниот извршен комитет на владејачката Турска Партија на правдата и развојот.
Месут Озил во свое време беше еден од најдобрите германски и европски фудбалери. Официјално се повлече од фудбалот во 2023 година.
Кариерата ја започна во родниот Гелзенкирхен во тимот на Шалке, подоцна играше за Вердер Бремен, Реал Мадрид, Арсенал, Фенербахче и Истанбул Башакшехир.
За репрезентацијата на Германија одигра 92 натпревари и постигна 23 гола.