Дома Фудбал Бивш соиграч на Трајковски: Би го нокаутирал Винисиус за 10 секунди

Бивш соиграч на Трајковски: Би го нокаутирал Винисиус за 10 секунди

Винисиус Жуниор е фудбалер кој голем дел од противниците ги доведува до лудило и нема дилема дека многумина би сакале да го нокаутираат сред теренот. Пабло Мафео е еден од нив, а играчот на Мајорка тврди дека би го „суредил“ Бразилецот за 10 секунди во боксерски меч.

Мафео е само еден од низа фудбалери кои имаат историја на конфликт со ѕвездата на Реал Мадрид.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Конфликтот помеѓу нив започна пред една година кога во дуелот на Мајорка и Реал, Мафео одлучи да го испровоцира Бразилецот со гест дека тој е само обичен „плачко“.

Имаа вкупно два конфликта во кои Мафео требаше да добие црвен картон.

„Имав среќа и нема оправдување за тоа. Беше чист црвен картон“, рече тој, па потоа се осврна на вториот старт над Бразилецот.

„Вториот старт што го имав против него не беше за црвен картон. И тука имав среќа што близу беше четвртиот судија и виде дека не постои интензитет за исклучување“, додаде фудбалерот.

Јасно е дека дефанзивецот на Мајорка и поранешен соиграч на Александар Трајковски, не го поднесува Винисиус, а сега тврди дека би го нокаутирал во боксерски меч за 10 секунди.

„Тоа е сосема друг свет, но верувам дека тоа би била најгледаната борба во историјата. Сметам дека би победил, без никакви дилеми. Би го нокаутирал за 10 секунди”, рече Мафео.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Му призна дека сака да го напушти Реал, па Анчелоти веднаш го – казни!

Реал Мадрид вечерва игра против Депортива Минера во натпревар од Купот на Кралот, а навива…