Дома Фудбал Битка за Мухаремовиќ – Три великани во игра!

Битка за Мухаремовиќ – Три великани во игра!

Јувентус и Интер ќе се обидат конечно во јануарскиот преоден рок да го доведат Тарик Мухаремовиќ.

Левоногиот стопер на Сасуоло и репрезентативец на БиХ е проценет на околу 20 милиони евра. Оваа сезона блесна во Серија А, а Јувентус веќе размислува дека направи грешка што предвреме го пушти.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мухаремовиќ пристигна за три милиони евра токму од Јувентус, но сега тимот од Торино има право на предност при откупувањето, односно 50% попуст во споредба со најдобрата понуда што ќе ја достави друг тим.

Интер исто така го посакува, а вклучена е и Болоња и овие три тима ќе се борат за одличниот дефанзивец на репрезентацијата на БиХ.

Мухаремовиќ има 11 натпревари оваа сезона, а забележа една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ја казни Бенфика за расизам против Реал Мадрид

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) изрече парична казна на …