Дома Фудбал Беше четврти во изборот за Златната топка, но на 28 години рече „доста“ и почна да продава правосмукалки

Беше четврти во изборот за Златната топка, но на 28 години рече „доста“ и почна да продава правосмукалки

Поранешниот напаѓач на Парма, Лидс и шведската репрезентација, Томаш Бролин, во разговор за Ла Газета дело Спорт отворено зборуваше за својата необична животна приказна – од фудбалски гениј и освојувач на трофеи до човек кој денес, со ист жар, продава правосмукалки.

„Фудбалот во моето детство беше чиста забава, но со текот на времето стана работа. Сепак, беше тоа незаборавен период. Со Парма освоив Куп на Италија, Куп на победници на куповите, Суперкуп на Европа и Куп на УЕФА. Со Шведска завршив на трето место на Светското првенство 1994. Истата година завршив четврти во изборот за Златната топка, зад Стоичков, Баџо и Малдини. Не е лошо, нели?“

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Искрено бев уморен од секојдневните тренинзи. Во главата веќе ми беа некои други проекти. Отсекогаш сум бил љубопитен. Потоа ми пристапи еден човек – изумител. Ми покажа нов модел на правосмукалка. Толку ме фасцинираше што со него основавме компанија. Тој момент промени се – никогаш повеќе не посакав да се вратам на фудбалот.“

„Многумина ми велеа дека 28 години се прерано за крај на кариерата, но јас одговарав: ‘Зависи што си направил во тие 28 години.’ Освоив многу нешта. А животот е прекраток за да работиш нешто што не те радува.“

„Фудбалот го сакам и понатаму, гледам натпревари, особено на Парма, но никогаш не помислив да се вратам. Не можам да кажам дека не можам да живеам без фудбалот – тоа би била лага. Прекрасно е да играш, уште поубаво да гледаш, но тоа е поглавје кое го затворив.

Тренерска работа? Никако! Тренерот треба да се грижи за 25 играчи, а јас едвај се грижам за себе. Имам свои хобија – голф, падел, дружење со пријатели. И знаете што? Мислам дека сум посреќен од повеќето тренери.“

„Најдраг момент? Мојот прв гол во Серија А, во Бари. Беше тоа корнер, скокнав совршено и дадов гол со глава – а висок сум само 1,75! Во првите четири натпревара таа сезона дадов четири гола – сите со глава. Во тоа го гледам чудото и убавината на животот: секогаш те изненадува. Затоа постојано барам нови искуства – за никогаш да не ми биде досадно.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер во спектакуларен трансфер го напушта Челси?!

Пеп Гвардиола беше тој кој го продаде Палмер во Челси во септември 2023 година, за околу 5…