Дома Фудбал Беќири: Стеауа беше поголем тим од Карабах

Беќири: Стеауа беше поголем тим од Карабах

Шкендија утре излегува на мегдан со Карабах на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тетовци ќе се обидат да направат уште еден чекор кон европската есен, но пред нив е сериозен предизвик во ликот на шампионот на Азербејџан.

Стратегот на македонскиот првак, Јетон Беќири, со голема доза на почит зборуваше за ривалот, но истовремено потенцираше дека неговите избраници ќе мора да играат на граница на своите можности.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Без разлика кој е противник, ние треба да бидеме во нашето можно ниво. Низ анализите, низ подготовки ќе се обидеме да го извлечеме нашето најдобро издание. Мислам дека Карабах е доста квлитетна екипа, затоа што во последните 12 години, тие се 11 пати шампиони, само еднаш загубиле првенство. Имаат тренер е речиси 17 години таму без прекин. Исклучително добар тренер и добар стратег. Имаме наши сметки, сакаме да бидеме сериозна екипа, прво да го почитуваме противникот, но да се почитуваме и себе си и да дадеме максимум. Да одиме на границата на нашите можности, затоа што на овие мечеви треба да се надминеме себе и да дадеме максимум. Вкупниот победник ќе се одлучи во Баку, но треба да бидеме многу внимателни, тие се квалитетна екипа, но треба да имаме многу доверба во нашите можности. Ако се претставиме во добро светло, имаме шанси за добар резултат“, изјави Беќири.

Тој направи и споредба меѓу претходниот противник, романскиот ФЦСБ, и актуелниот – Карабах. Според него, иако ФЦСБ има поголем буџет и традиција, тимот од Азербејџан има стабилност и тимска компактност.

„Јас мислам дека секој противник има свој квалитет и своја тежина, и секако дека мислам дека ФЦСБ беше поскапа екипа и има поголема историја во споредба Карабах. Но, Карабах е дисциплирана екипа. Со години се финансираат многу пари. Предноста на Карабах е тоа што играат некои играчи веќе неколку години заедно. Фудбалот е убав, фудбалот е интересен, и ние веќе имаме постигнато една цел. Ако успееме да останеме гладни и на земја, и мислам дека можеме да поминеме добро од овој двомеч“, вели Беќири.

Шкендија ќе се обиде пред својата публика да извлече позитивен резултат и со поголема самодоверба да патува на реваншот во Баку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ: Милан мора да се бори за сите трофеи

Новиот фудбалер на Милан, Лука Модриќ, кажа на промоцијата во новиот клуб дека „росонерите…