Дома Фудбал Беќири по провокациите од Бекали: Фудбалот се игра на терен, а не надвор од него

Беќири по провокациите од Бекали: Фудбалот се игра на терен, а не надвор од него

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, со голема гордост го коментираше триумфот над романскиот гигант ФЦСБ во срцето на Букурешт, победа која му обезбеди на македонскиот шампион место во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

По натпреварот, Беќири истакна дека е големо достигнување да се совлада тим со историја и репутација каква што има ФЦСБ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„И покрај сите провокации, имам голем респект за ФЦСБ. Станува збор за клуб со традиција, имаат сопственик кој вложува сериозно во фудбалот и тренер кој знае што прави. Но, јас сум научен дека фудбалот се игра на терен, а не надвор од него“, кажа Беќири.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено што му кажал Алонсо на Перез пред да добие отказ

Отказот на Чаби Алонсо од тренерската позиција на Реал Мадрид ги изненади играчите на крал…