Дома Фудбал Барселона и Де Јонг се на прагот за нов договор

Барселона и Де Јонг се на прагот за нов договор

Френки де Јонг наскоро ќе го продолжи договорот со Барселона, пишува „Мундо Депортиво“. Преговорите меѓу каталонскиот клуб и претставниците на играчот напредуваат позитивно и наскоро се очекува финализирање.

Од Барселона му понудиле на Де Јонг нов тригодишен договор – до 2029 година, со плата што ќе биде намалена од следната сезона, но и покрај тоа, фудбалерот е задоволен од условите. Неговиот сегашен договор со клубот е до крајот на јуни 2026 година.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Раководството на Барселона и главниот тренер Ханзи Флик го сметаат 28-годишниот Де Јонг за важен дел од клубскиот проект.

„Добриот напредок на преговорите го потврди и претседателот на каталонците Жоан Лапорта. “Работиме на обновување на договорот со Де Јонг. Деко заврши исклучителна работа. Кажавме дека не сакаме ниту еден играч чиј договор истекува оваа година, но направивме исклучок со Де Јонг затоа што ги смени агентите. Тој е мотивиран, дури и вели дека спие, иако неодамна стана татко. Се надеваме наскоро да има добри вести“, изјави шефот на каталонците во интервјуто за радио RAC 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милинковиќ-Савиќ во Серија А, но не во Лацио!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе се врати во Серија А, но…