Дома Фудбал Барселона е на прагот до големо засилување

Барселона е на прагот до големо засилување

Каталонскиот клуб Барселона е во завршна фаза на преговарање со германскиот репрезентативец и дефанзивец на Леверкузен, Џонатан Тах.

Тах се истакна оваа сезона со извонредни игри за „фармацевтите“, а неговиот настап на Европското првенство исто така остави силен впечаток, привлекувајќи внимание од многу престижни европски клубови.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Имајќи предвид дека договорот на Џонатан Тах со Баер Леверкузен важи до 2025 година, Барселона има можност да го ангажира без отштета, и веќе започна интензивни преговори со него.

Пини Захави, агентот на Тах, ужива добри релации со луѓето во Барселона, што ја прави Барса оптимист дека ќе успее да ја издржи конкуренцијата.

Баерн Минхен исто така покажува интерес за овој дефанзивец, но според информациите, самиот Тах ја преферира опцијата за трансфер во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…