Дома Фудбал Барселона, Арсенал и Наполи во трка за бразилското “чудо од дете”

Барселона, Арсенал и Наполи во трка за бразилското “чудо од дете”

Летниот трансфер период во Европа што го оставивме зад нас беше доста интересен, и на трансфер пазарот видовме многу нешта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од клубовите што беа најактивни во овој поглед е лондонскиот Арсенал кој ова лето сериозно го засили играчкиот состав.

На Емиратс пристигнаа во трансфер периодот меѓу другите Гјокерес, Езе, Мадуеке, Зубименди, Москера, Кепа…

Иако зимскиот трансфер период е далеку, Арсенал веќе размислува за иднината и е заинтересиран за бразилското “чудо од дете”.

Станува збор за 19-годишен талентиран стопер на Палмеирас – Луиз Бенедети.

Бенедети е еден од оние играчи на кои им се предвидува голема кариера, а доволен показател за тоа се клубовите што се заинтересирани за неговите услуги.

Освен Арсенал, заинтересирани за Бразилецот се и Барселона и Наполи, барем така тврди шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

Барселона е актуелен шампион на Шпанија, а Наполи на Италија, што доволно зборува за талентот и квалитетот кој овој младич го поседува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мaреска за 100 милиони евра го доведува “чудото од дете”!

Манчестер Сити е блиску до реализација на голем трансфер и доведување на еден од најталент…