Атлетико Мадрид во ќе се обиде во своите редови да го доведе фудбалерот кој го загуби првотимскиот статус во Манчестер Јунајтед.
Станува збор за Шпанецот, Андер Ерера кој падна во втор план откако во клубот пристигна Немања Матиќ. Позитивна работа за „јорганџиите“ е што Ерера сеуште не се договорил со „ѓаволите“ за продолжување на договорот кој му истекува ова лето. Токму поради ваквата ситуација Атлетико со овој фудбалер би можел да потпише пред договор веќе во јануари, а тој би пристингал во текот на летото без оштета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Манчестер Јунајтед сака да го задржи 28 годишниот фудбалер од средниот ред, но според „АС“ фудбалерот има голема желба да се врати во татковината и да го облече дресот на Атлетико.
Ерера минатата сезона беше избран за најдобар фудбалер на Манчестер Јунајтед, но тој во овој момент не е во прв план. На последните натпревари добиваше поголема минутажа, сепак тоа беше така поради повредата на Пол Погба кој наскоро се враќа во тимот.
На крајот се наведува дека Атлетико веќе остварил контакт со фудбалерот и се убедени дека ќе го убадат да стави потпис на пред договор во јануари.
Ander Herrera has already said yes to Atletico Madrid. His Manchester Utd contract expires in the Summer of 2018. [AS] pic.twitter.com/7U8FbDjsna
— Transfer Related (@TransferRelated) November 10, 2017