Ако им веруваме на англиските медиуми Арсенал во овој преоден рок би можел да го сруши клупскиот рекорд.
„Топџиите“ се спремни да понудат износ од 80 милиони евра за доведување на Николас Пепе, младиот офанзивец кој ја воодушеви Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 24 годишен фудбалер зад себе има фантастична сезона во дресот на Лил со кој се пласираше во Лигата на шампионите.
Пепе е голема желба на Баерн, а во случај да потпише за Арсенал за таа сума би станал најскапиот фудбалер на „топџиите“ во историјата.
Досегашниот рекорд го држи Пјер-Емерик Обамејанг кој во јануари во 2018 година пристигна од Борусија Дортмунд за 65 милиони евра, сметајќи ги и бонусите.