Реал Мадрид е домаќин на Валенсија во еден од најинтересните натпревари оваа недела во шпанската Ла Лига. Реал мора да слави победа за да остане во трка со Барса по шампионската титула, но победа и треба и на Валенсија во трката за пласман во Лигата на Шампиони следната сезона.
Реал Мадрид има голема предност во однос на останатите екипи
Од сите останати натпревари кој кралскиот клуб треба да ги одигра до крајот на сезоната, овој меч против Валенсија во четврток изгледа како најтежок. Тие имаат лесен распоред до крајот и не треба да се изненадите доколку успеат да ја стигнат Барселона на лидерското место која има предност од пет бода ( Барса има натпревар повеќе, што значи дека разликата може лесно да биде само два бода ). И Барса нема тежок распоред, но барем има потежок од Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот од Мадрид имаше солиден старт по враќањето на фудбалот во Шпанија, победувајќи го Еибар 3:1. Три гола во првото полувреме за вториот дел да биде само рутина и чување на силите. Зинедин Зидан направи пет замени, ја зачува свежината и освои три бода, со што може да се каже дека целта од тој меч беше целосно исполнета.
Со изменетото правило што им овозможува на менаџерите да имаат дополнителни играчи на клупата и да направат повеќе замени, беше потенцирана силата во длабочина на ростерот на Зидан. Со одлични, а свежи игрите кои ќе влегуваат во игра постојано во вториот дел, Реал Мадрид ќе биде подобар од повеќето екипи и треба на полесен начин да се справи со густиот распоред до крајот на сезоната.
Валенсија во битка за пласман во Лигата на Шампиони
Валенсија има потреба од добар резултат на овој меч за да остане во трка со нивните ривали за место меѓу најдобрите четири екипи, односно за местата кои водат во Лигата на Шампиони следната сезона. Моментално се седми на табелата, но можеше да биде и подобро пласирана доколку славеше против Леванте на првиот меч по паузата. Валенсија беше блиску до победа, имаше предност од 1:0 но прими гол во 98-та минута. Она што е потрагично, Леванте остана со играч помалку во 74-та минута, а даде гол од пенал за конечни 1:1.
Но од друга страна Валенсија може да смета себеси и за среќна екипа, ако се знае дека штетата од ремито со Леванте беше ограничена поради други резултати. Конкурентите на Валенсија во битката за пласман во Лигата на Шампионите – Атлетико Мадрид, Хетафе и Реал Сосиедад исто така не успеаја да ги добијат своите први натпревари по паузата и Валенсија останува само четири бода оддалечена од четвртото место.
Aнализира: Јовица Симоноски