Дома Фудбал Италија Aлегри отворено за Дибала: Тој е без сила и игра лошо!

Aлегри отворено за Дибала: Тој е без сила и игра лошо!

Јувентус се избори за пласман во топ 16, Алегри смета дека навивачите се негативни…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според мислењето на јавноста Јуве повторно играше лошо и победи. Со триумфот во Пиреа го обезбедија пласманот во следната фаза, но тимот повторно не беше на нивото на кое навивачите посакуваат.

„Навивачите се негативни, тие мислат на финалето во Лигата на шампионите. Воопшто не е лесно да се стигне таму“, изјави Алегри.

Тој призна и дека некои работи не функционираат.

„Дибала е без сила и игра лошо. Ова му се случи и минатата година, мораме да бидеме трпеливи“, призна тренерот на Јувентус.

Аргентинецот започна фантастично, постигна 12 погодоци и застана, како и против Наполи и против Олимпијакос беше невидлив.

Токму поради тоа во натпреварот против Интер следното коло би можел да се пресели на клупата за резерви, а од првата минута шанса би можел да добие Бернардески кој вчера го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите.

Сепак, веројатно дека и одморот за Дибала добро би му дошол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…