Дома Фудбал Артета „пукна“ по поразот од Гвардиола, па носи „ѕвер“ од 185 милиони евра

Артета „пукна“ по поразот од Гвардиола, па носи „ѕвер“ од 185 милиони евра

Арсенал неодамна го загуби финалето на Карабао купот од Манчестер Сити и остана без тој трофеј за оваа сезона.

Микел Артета беше страшно лут по поразот од Гвардиола и наводно веднаш побарал големо засилување од челниците на Арсенал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Наводно, Артета, според англиските медиуми, го посакува крилниот фудбалер на Пари Сен-Жермен, а станува збор за Кварацхелија.

Оваа сезона Кварацхелија одигра 37 натпревари, постигна 12 голови и запиша седум асистенции.

Фантастично ги одигра натпреварите од осминафинаlето во Лигата на шампионите против Челси, постигнувајќи три голови и една асистенција во тие два натпревара.

ПСЖ за Кварацхелија на Наполи во јануари 2025 година плати 70 милиони евра и тоа навистина им се исплатило.

Сепак, веќе сега Кварацхелија треба да замине за Лондон и својата кариера да ја продолжи во дресот на Арсенал.

На „Емирејтс“ се очекува „значајна реконструкција“ на тимот и неколку играчи ќе си заминат од Арсенал во текот на летото.

Токму Кварацхелија би требало да стане стартен лев крил во екипата која од клупа ја предводи Микел Артета.

Јасно е дека Габриел Мартинели треба да замине од клубот, а токму наместо него Артета сака да го донесе одличниот играч од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова ќе се памети долго: Барселона ги понижи Реал среде Мадрид за сите времиња (Видео)

Во рамките на Лигата на шампионите за жени се одигра спектакуларното „Ел Класико“ во кое Б…