Дома Фудбал Артета избегна одговор на прашање за титулата, дали е крај?

Артета избегна одговор на прашање за титулата, дали е крај?

Арсенал освои бод на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед и сега заостануваат 15 бодови разлика зад лидерот Ливерпул. Тоа го покажува и реакцијата на Микел Артета на крајот на натпреварот.

„Топчиите“ веќе некое време имаат проблеми со голем број повредени играчи, но и со слаби игри. Тоа многу ги чини, па така ни овој пат не успеаја да го победат десеткуваниот Јунајтед.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Арсенал со бодот против „Црвените Ѓаволи“ дојде до 55 поени, има дури 15 помалку во однос на Ливерпул, а тимот од „Емирејтс“ им е прв ривал за титулата оваа сезона. Тоа би значело дека сезоната е практично завршена.

Во прилог на ова оди и реакцијата на Микел Артета по завршувањето на мечот. На прашањето на новинарите за разликата помеѓу Ливерпул и Арсенал, Артета не сакаше да одговори и излезе надвор со краток коментар:

„Благодарам“.

Многу е јасно дека Артета го доживеа ова реми тешко. Арсенал лесно можеше и да загуби од Јунајтед, но и сега шансите за титула се многу, многу мали. Математички е возможно, меѓутоа, реално, многу тешко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бракот се распадна: Откриено со кого сопругата го изневерила Тер Штеген

Голманот на Барселона Марк-Андре Тер Штеген (32) објави претходно оваа недела дека се разв…