Дома Фудбал Арсенал не успеа со Вилијамс поради рекордни барања, Артета се сврте кон дуо од 125 милиони евра

Арсенал не успеа со Вилијамс поради рекордни барања, Артета се сврте кон дуо од 125 милиони евра

„Топчиите“ ова лето сакаа да ги зајакнат своите редови со одличниот Нико Вилијамс, но како што изгледа, ништо од тоа нема да биде.

Според шпанските медиуми, надежите на Арсенал дека можат да го донесат Нико Вилијамс завршија, а причината се огромните барања за плата од играчот кои ги изненадија сите на „Емирати“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Спортскиот директор на „топчиите“ веќе се сврти кон доведување на два други играчи наместо Нико Вилијамс, тврдат шпанските медиуми.

Додека многумина сметаат дека Арсенал доколку и оваа сезона заврши на второто место е прилично импресивно со оглед на повредите и проблемите што ги имаа, Артета не е задоволен.

Тој сака следната сезона неговиот тим да изгледа уште посилно и конечно да го освои првото место и титулата во Премиер лигата.

Клубот наводно дал зелено светло за доведување на три големи ѕвезди, а се зборува за Мартин Зубименди, веќе споменатиот Вилијамс, и напаѓачот на Спортинг Виктор Ѓокереш.

По состанокот меѓу спортскиот директор на Арсенал, Берта, и претставниците на Вилијамс, се создал проблем поради големите барања од играчот.

Тој наводно барал да биде најплатениот играч во Арсенал за да дојде во овој клуб, а Берта не бил спремен да му го понуди тоа.

Берта веднаш се свртел кон ангажирање на Ѓокереш и Зубименди, додека крилниот напаѓач ќе го бара на друго место.

Фото: Arsenal/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…