Дома Фудбал Арсенал добива засилување за двомечот против Реал Мадрид

Арсенал добива засилување за двомечот против Реал Мадрид

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека Букајо Сака е на чекор до враќање на теренот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сака е надвор од игра од крајот на минатата година поради повреда на задната ложа, поради која мораше и да оди на операција, а сега е во последната фаза на опоравување.

„Многу е блиску до враќање. Направи значаен напредок во опоравувањето и одлично напредува. Ќе видиме, ќе го тестираме и ќе процениме колку брзо може да се приклучи на тимот. Но, јасно е дека е близу“ рече Артета.

Да потсетиме, Арсенал сега е посветен само на Лигата на шампионите, бидејќи Ливерпул е недостижен во борбата за титулата.

Арсенал го пречекува Реал Мадрид на осми април, а реваншот е осум дена подоцна на „Сантијаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…