Дома Фудбал Арсенал, Барселона и ПСЖ издоминираа, но никој не зборуваза Интер во ЛШ, но би требало!

Арсенал, Барселона и ПСЖ издоминираа, но никој не зборуваза Интер во ЛШ, но би требало!

Арсенал го совлада Реал Мадрид со 3:0, Барса го разби Дортмунд, ПСЖ по Ливерпул надмудри уште едни Англичани, а тивкиот херој е – Интер.

Тимот на Симоне Инзаги го победи Бајерн во Минхен со резултат 2:1 и така направи чекор напред кон финалето, каде играше и го загуби во 2023 година од Манчестер Сити (1:0).

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Интер можеби не игра елегантно и привлечно за окото како Барселона и ПСЖ, но затоа е исти толку опасен во нападот.. Ја користи секоја прилика да го потисне ривалот во транзиција, знае да издржи и како таков да победи.

И така го победи Баерн Минхен, кој верувале или не, последен пат во Лигата на шампионите пред своите навивачи загуби во април 2021 година, кога загуби од Пари Сен Жермен со резултат 2:3. И покрај тоа што тогаш четата на Ханси Флик беше далеку подобар тим од Покетиновиот.

Бројките на Интер во Лигата на шампионите оваа сезона се импресивни. Верувале или не, голот во Минхен е само трет во оваа сезона, на дури 11 натпревари! Во групната фаза Интер прими само еден гол од Баер во победата во Леверкузен 1:0, а потоа и Фејенорд во осминафиналето на “Џузепе Меаца” – 2:1, но во првиот меч Интер веќе имаше големи 2:0.

Не дека Интер имаше така лесни противници како што изгледа, бидејќи во првото коло одиграа нерешено со Манчестер Сити на “Етихад” 0:0, а како домаќини го победија Арсенал – 1:0. Помалку или повеќе полесни противници, покрај Фејенорд, беа – Црвена Звезда, Јанг Бојс, РБ Лајпциг, Спарта и Монако.

Интер сега има шанса пред своите навивачи да го завери пласманот во полуфиналето, каде најверојатно ќе оди на Барселона.

Без дилема, тоа може да биде еден од највозбудливите дуели токму поради различноста во играта, стилот, тактиката и сè што покажуваат од почетокот на сезоната.

Фото: Inter FC/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …