Дома Фудбал Араухо не е задоволен од судиите: Секогаш против нас (Видео)

Араухо не е задоволен од судиите: Секогаш против нас (Видео)

Роналд Араухо со жестока реакција на судиската одлука во првото полувреме од дербито меѓу Барселона и Севиља.

Уругвајскиот дефанзивец на Каталонците, видливо изнервиран, по завршувањето на првиот дел изјави дека тимот повторно е оштетен.

„Секогаш против нас! Секогаш!“, револтирано изјави Араухо, коментирајќи ја одлуката на главниот судија да досуди пенал во корист на Севиља.

Одлуката предизвика лавина реакции и на трибините и на социјалните мрежи, а дел од навивачите на Барселона тврдат дека станува збор за уште една во серијата спорни судиски одлуки на штета на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…