Дома Фудбал Aнтони донел одлука: Не помислува да се врати во Манчестер јунајтед

Aнтони донел одлука: Не помислува да се врати во Манчестер јунајтед

Антони го напушти Манчестер Јунајтед и блесна во дресот на Бетис.

Бразилецот во самата завршница на зимскиот преоден рок ја прифати понудата на Бетис да игра до крајот на сезоната на позајмица на “Бенито Виламарин”, а тоа дефинитивно е добра одлука.

На седум натпревари, Антони постигна три гола и асистираше за уште два, со што ја поврати самодовербата и формата кои никако не можеше да ги достигне во Манчестер.

Според сегашните информации, Бразилецот сака да го продолжи својот престој во Бетис на уште барем една година, односно да ја продолжи позајмицата до летото 2026-та година, со цел да се наметне за репрезентацијата и настап на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Оваа вест ја навести и извршниот директор на Бетис, Рамон Аларкон.

“Ми беше кажано дека Антони сака да остане во Бетис уште една година. Играчот се чувствува многу пријатно, како на теренот така и надвор од него, бидејќи направивме сè за да му ја олесниме адаптацијата на животот во нашиот град од првиот ден кога пристигна,” изјави Аларкон.

Со оглед на сегашната ситуација, Бетис нема да има средства да го откупи Антони, бидејќи Јунајтед го преплати со речиси 100 милиони евра и сака да поврати барем половина од вложеното. Шпанците сигурно не се во можност да платат 50 милиони за кој било играч, но ќе ја искористат желбата на Антони да остане на позајмица до летото 2026 година.

Бразилецот порача дека не сака да се врати во Јунајтед, каде што не беше среќен ниту можеше да ја најде вистинската форма, и во Бетис фудбалски “оживеа”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок во Лион: Фонсека суспендиран на девет месеци!

Фудбалската професионална лига на Франција го суспендираше тренерот на Олимпик Лион, Пауло…